Американската актерка Џенифер Анистон потврди на социјалните мрежи дека е во врска со Џим Кертис и ја објави првата заедничка фотографија.
Во описот на фотографијата на која го прегрнува, таа напиша: „Среќен роденден, љубов моја, сакана моја“.
Корисниците на Инстаграм му посакаа среќен роденден во коментарите и рекоа дека се многу убава двојка.
View this post on Instagram A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)
„Не би можела да бидам посреќна за тебе. Срцето ќе ми експлодира“, „Прекрасни сте заедно“, „Не можам да опишам колку ми е мило што си среќна, Џен“, се некои од нив.
Гласините за нивната врска почнаа да се шират во јули оваа година, кога беа фотографирани на Мајорка. Во август, тие беа фотографирани на ноќно излегување со Кортни Кокс и нејзиниот партнер Џони Мекдејд.
Џенифер Анистон беше двапати мажена – со Бред Пит и Џастин Теру. Куртис има син, Ејдан, од бракот со Рејчел Наполитано.
The post Џенифер Анистон конечно потврди дека е во врска: „Среќен роденден, љубов моја“ appeared first on Во Центар.



