Холивудската актерка Џенифер Анистон конечно реши да стави крај на гласините кои се шират во јавноста последните неколку месеци, за нејзината наводна врска со поранешниот американски претседател Барак Обама.Гласини за афера што е тешко да се игнорираатГласините за можна врска помеѓу Анистон и Обама се појавија откако беше откриено дека бракот на Барак и Мишел Обама е во криза. Овие наводи предизвикаа бура во медиумите, а дополнително внимание привлече и тоа што Мишел не присуствуваше на одредени важни настани, како што се погребот на Џими Картер и инаугурацијата на Доналд Трамп.Извори блиски до Анистон велат дека актерката одлучила да преземе чекори за да стави крај на шпекулациите кои ја повредија не само Мишел, туку и нејзе.– Џенифер едвај го познава Обама, а овие гласини се навистина луди – открил извор за Radar On Line.Анистон вознемирена поради Мишел ОбамаСпоред блиски пријатели, Џенифер е загрижена за ефектот на овие гласини врз Мишел Обама. Самата актерка беше мета на слични приказни за време на бракот со Бред Пит, кога медиумите тврдеа дека Бред ја изневерувал со Анџелина Џоли.– Џен знае колку ваквите приказни можат да бидат болни. Таа е шокирана, но и збунета, бидејќи не разбира како луѓето доаѓаат до такви идеи – рекол изворот.Барак и Мишел – се разделија, но разводот сè уште не е официјаленИзвори блиски до Барак тврдат дека тој и Мишел се веќе разделени и живеат одвоено. Наводно, разводот ќе се случи тивко, без галама, за да се зачува достоинството.– Барак е подготвен да продолжи понатаму, а истото важи и за Мишел, која конечно реши да се стави себеси на прво место – рекол изворот.Џенифер: „Само еднаш се сретнав со Обама“Анистон ги демантираше сите шпекулации за нејзината врска со поранешниот претседател, нагласувајќи дека едвај го познава. Пред тоа, кога водителката и постави прашање и ја покажа насловната страница на таблоидот, таа искрено се насмеа велејќи дека не ни се лутила за сето тоа, туку дека е многу смешно.
After watching this, I’m totally convinced that the story about Jennifer Aniston and Barack Obama is true! What about you? pic.twitter.com/Dq0uVUM5aG— Vince Langman (@LangmanVince) January 24, 2025
– Го запознав еднаш. Ја познавам Мишел многу подобро од него – изјави Џенифер во шоуто на Џими Кимел.
Jennifer Aniston with Michelle Obama #jenniferaniston pic.twitter.com/8zkb1FylYC— Jennifer Aniston Fan (@jenanistonblog) January 18, 2025
Долгогодишниот публицист на актерката исто така остро ги критикуваше гласините, нарекувајќи ги „тотални измислици“.Иако приказната предизвика големо внимание во јавноста, Џенифер Анистон јасно стави до знаење дека нема никаква врска со Обама.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.