Џенифер Анистон проговори по гласините дека спиела со Обама: По гласините за афера со поранешниот претседател, актерката испрати остра порака

Холивудската актерка Џенифер Анистон конечно реши да стави крај на шпекулациите за нејзината наводна врска со поранешниот американски претседател Барак Обама, кои во последните месеци предизвикаа бура во медиумите.

Гласини кои кренаа прашина

Сè започна откако се појавија наводи за криза во бракот на Барак и Мишел Обама. Овие гласини дополнително беа поттикнати од отсуството на Мишел од важни настани, како што се погребот на Џими Картер и инаугурацијата на Доналд Трамп.

Приказните брзо стигнаа до јавноста, а извори блиски до Џенифер откриваат дека актерката била изненадена и решена да стави крај на шпекулациите.„Џенифер едвај го познава Обама, а овие гласини се целосно бесмислици“, изјави извор близок до актерката за Radar On Line.

Џенифер е загрижена за Мишел Обама

Анистон е особено погодена од фактот дека овие приказни може да и’ наштетат на Мишел. Актерката, која и самата помина низ слични ситуации за време на разводот со Бред Пит, разбира колку може да бидат болни таквите озборувања.Џен знае колку може да бидат штетни таквите гласини. Сè уште не разбира како луѓето доаѓаат до такви идеи – изјавила една нејзина пријателка.

After watching this, I’m totally convinced that the story about Jennifer Aniston and Barack Obama is true! What about you? pic.twitter.com/Dq0uVUM5aG— Vince Langman (@LangmanVince) January 24, 2025

Барак и Мишел – разделени, но не разведени?

Според извори блиски до Обама, Барак и Мишел веќе некое време живеат одвоено, иако разводот сè уште не е официјално објавен. Наводно и двајцата се подготвени да продолжат понатаму, но сакаат да го сторат тоа достоинствено и без медиумска помпа.

„Само еднаш го сретнав Обама“

Џенифер категорично ги демантираше сите гласини, објаснувајќи дека со поранешниот претседател се сретнала само еднаш. За време на посетата на Џими Кимел, таа се насмеа на таблоидните приказни, велејќи дека и изгледаат целосно апсурдни.

,,Ја познавам Мишел многу подобро од Барак. Сето ова е смешно, не вреди да се лутиш”, изјавила Анистон во емисијата. Нејзиниот долгогодишен тим за односи со јавноста, исто така, ги критикуваше тврдењата , нарекувајќи ги „чисти измислици“.

На крајот Џенифер јасно стави до знаење дека нема никаква врска со овие шпекулации и дека сака да стави крај на оваа приказна.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.