Џенифер Лопез го слави 50. роденден и сè уште има енергија како на почетокот од својата кариера

Иако денес го слави својот 50. роденден, таа сè уште изгледа младо како во првите спотови што ги сними на почетокот од својата кариера. Џенифер Лопез продолжува да ги привлекува погледите и да импресионира со фигурата и стасот, иако официјално влезе во шестата деценија од животот.
Секојпат кога медиумите ќе ја прашаат за совети за беспрекорен изглед без брчки и траги од стареење, таа им кажува дека редовно се мачка со крем за заштита од сонце и секоја ноќ се обидува да спие осум до десет часа.


„Сепак, голем дел изгледа доаѓа однатре. Секојдневно постојано си велам дека сум млада, убава и дека не стареам. Знам дека звучи банално, но така е”, изјави таа за „Харпер базар“ пред една година.
Колкава енергија има докажува и тоа што Џеј Ло роденденот го слави на турнеја. Наскоро ќе се венча со својот свршеник Алекс Родригез, а на крајот од годината може да се очекува премиера на филмот во кој се појавува со Ники Минај, наречен „Hustlers”.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.