Џенифер Лопез е стилска кралица во најпопуларната боја за 2019

Неодамна, Институтот за боја Пантон објави дека коралната е боја на 2019 – тата година, а некои од ѕвездите веќе побрзаа да облечат парчиња во истата.
Манекенката Џиџи Хадид беше првата што облече парчиња во оваа прекрасна нијанса на црвена, а веднаш по неа и омилената Џенифер Лопез.
Пејачката и актерка се појави во Мајами во фантастичен тесен фустан до колена во комбинација со тренди мантил и високи потпетици во популарната корална боја.


Комбинацијата таа ја надополни со мини чантичка во бела боја и очила за сонце, а како и секогаш, фризурата и шминката беа совршени.
Инаку, фустанот е креација на австралискиот дизајнер Алекс Пери, додека чевлите кои се во малку потемна нијанса на новата омилена боја, на брендот Касадеи.
Секако, популарната ѕвезда ниту овојпат не ги заборави омилените златни кружни обетки, па го надополни изгледот со еден чифт и како и секогаш, изгледаше одлично.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.