Џенифер Лопез за разводот од Бен Афлек: Не можев никого да обвинам, сакав да се разберам себеси

Џенифер Лопез тврди дека по разводот од Бен Афлек престанала да бега и решила да ја прифати ситуацијата.

Лопез изјави дека сè ставила на чекање откако поднела барање за развод од Афлек во 2024 година.

„Морав да престанам со сè и зедов една година пауза. Ги откажав турнеите. Едноставно решив да бидам дома и да го прифатам она што се случи без да бегам од тоа преку работа, друга личност или нешто слично“, рече таа.

Таа додаде дека морала да биде тука за своите деца, бидејќи овој процес бил тежок и за нив.

„Требаше да бидам дома со моите деца. Не можев да обвинам никого друг, па затоа само сакав да се разберам себеси“, рече таа.

Во интервју за „Најтлајн“, Лопез изјави дека моментално е среќна и дека го сака самечкиот живот.

„Сега се чувствувам навистина добро, навистина сум среќна и се чувствувам добро. Кога бев помлада беше страшно бидејќи не знаев дали можам да го направам тоа. Секогаш се плашев да го направам тоа“, рече таа.

Лопез изјави дека моментално е опкружена со љубов иако нема страст во животот.

„Оваа година, јас сум мајка на матуранти кои одат на колеџ. Јас сум танчерка, забавувачка и глумица. Среќна сум и благодарна“, рече таа.

Таа поднесе барање за развод од Афлек во август 2024 година.

The post Џенифер Лопез за разводот од Бен Афлек: Не можев никого да обвинам, сакав да се разберам себеси appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: