Џенифер Лопез се појавила во најмодерниот капут за оваа зима

Жената која можеме да ја наречеме модна инспирација, покажала како се носи капутот во најмодерната боја за оваа зима.
Латино дивата Џенифер Лопез е фотографирана на улиците на Беверли Хилс, додека одела во продавницата на познатиот бренд Луј Витон.


Модната икона на денешницата, која неодамна за 48 часа се пресоблекла дури 11 пати, овој пат носела светло син капут, кој секоја жена би посакала да го има.
Од неодамна во мода се капути во оваа нијанса, а Џенифер го искомбинирала со фармерки, сива ролка и штикли.
На лицето носела големи очила за сонце, но, пред сè, изгледала многу опуштено.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.