Џиновска жаба пронајдена во Австралија, можеби е најголемата во светот

Австралиски чувари на парк веруваат дека наишле на жаба што соборува рекордипо својата големина.

Чуварката Кајли Греј на 12 јануари наишла на инвазивната жаба, која му се заканува на австралискиот екосистем, додека била на патрола во националниот парк Конвеј во државата Квинсленд.
Греј и нејзините колеги ја фатиле жабата и ја однеле во својата канцеларија. Жабата која е тешка 2,7 килограми ја нарекле „Тозила“, пренесува Хина.
Актуелниот Гинисов рекорд го држи жаба тешка 2,65 килограми, шведско милениче кое ја освои таа титула во 1991 година.

-Никогаш не сум видел нешто толку големо, изјави Кајли Греј.
Тимот брзо ја фати Тозила – за која се верува дека е жена – и ја однесе во базата за да ја измери. Биле изненадени кога откриле дека може да постави нов светски рекорд.
Греј вели дека овој џиновски примерок најверојатно се префрлил на исхрана со инсекти, влекачи и мали цицачи.

-Жаба со таква големина ќе изеде се што и собра во устата, рече таа.
Тозила сега е еутаназирана, како што е стандардна практика во Австралија за штетници, и ќе биде донирана на музејот во Квинсленд, јавува Би-Би-Си.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.