Легендарниот рок бенд „Бон Џови“ ќе се врати на европските сцени следната година како дел од нивната турнеја „Засекогаш“, а ќе настапува во Единбург, Даблин и Лондон.
Фронтменот Џон Бон Џови (63), по предизвикувачки период и операција на гласните жици, откри како се чувствува во врска со своето големо враќање, но и за својата нова улога како дедо, пишува Скај њуз.
Враќање на сцената по операцијата
Турнејата „Forever“, која започнува во 2026 година, го означува враќањето на бендот четири години откако операцијата на гласните жици на Џон Бон Џови ја остави иднината на групата неизвесна. Во разговор за „Sky News“, пејачот вели дека е „возбуден, почестен и благодарен“ што е повторно во форма.
„Бендот, па дури и екипата, ми покажаа сосема ново ниво на пријателство, посветеност и љубов во текот на повеќе од три години кога, знаете, немаше пари. А нивните семејства ги чекаа. Тие никогаш не ја изгубија верата, што ми помогна да продолжам да се борам“, додава тој.
View this post on Instagram A post shared by Bon Jovi (@bonjovi)
Тој стана дедо
Неговиот син Џејк и сопругата Мили Бејби Браун добија девојче претходно оваа година, а Џон стана дедо. „Лудо е, прекрасно е и се чувствуваш одговорно за децата на твоите деца. Празниците ќе бидат многу поубави оваа година“, рече тој.
Тој веќе призна дека станал типичен дедо. „Сакам да гледам слики, како, секој втор ден. Веќе сум тој здодевен тип, и да, тоа е кул.“
View this post on Instagram A post shared by Bon Jovi (@bonjovi)
Европскиот дел од турнејата на познатиот бенд започнува во Единбург на 28 август следната година, по што следува Даблин на 30 август, а завршува со голем концерт во Лондон на 4 септември.
The post Џон Бон Џови се враќа од операција на гласните жици: Најавува турнеја ВИДЕО appeared first on Во Центар.



