Џорџина во стилот на Мерилин Монро: Краток фустан и длабоко деколте за „запечатување“ на пристигнувањето во Кан ФОТО

Џорџина Родригез често е споредувана со легендарната убавина на прекрасните облини на Мерилин Монро.

Само еден ден претходно, атрактивната Џорџина Родригез ја изненади јавноста со долга руса коса , кога се појави на доделувањето на наградите „Kering Women In Motion“ во рамките на Канскиот фестивал . 

И, секако, не очекуваме дека свршеницата на Кристијано Роналдо нема да прошета по црвениот тепих оваа година во една од своите спектакуларни креации, а додека не ја видиме пред камерите, таа објави фотографија на која покажа што носела кога пристигнала на Француската ривиера. 

View this post on Instagram A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Таа пристигна во Кан во недела, 17 мај, и привлече внимание со својот смел стил . Носеше црно-бел мини фустан со развеан долен дел и впечатливо деколте со врвки, кое е врзано околу вратот, а ова издание многумина ги потсети на стилот на познатата Мерилин Монро .

Којзнае, можеби една од најпосакуваните жени на сите времиња била нејзина инспирација, па затоа избрала стил во духот на стариот Холивуд.

Познато е дека таа ги обожава луксузните брендови, но не откри чија креација е тоа. 

View this post on Instagram A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

The post Џорџина во стилот на Мерилин Монро: Краток фустан и длабоко деколте за „запечатување“ на пристигнувањето во Кан ФОТО appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: