“Џорџ Буш е добар човек, но не се согласуваме во сè”

Некогашната прва дама на САД отворено говореше за односот со Џорџ Буш во интервју со неговата ќерка Џена Буш Хагер. Зборуваше и за Америка, водењето на државата и несогласувањата со Буш.
Откако во 2016 година го прегрна Буш на еден собир, таа фотографија го обиколи светот и луѓето заклучиле дека Мишел и Џорџ имаат убаво изграден пријателски однос. Мишел во своето интервју со ќерката на Буш одблиску покажа каков бил нејзиниот однос со поранешниот претседател.
“И така добив порака од татко ми во која пишува многу да Ве поздравам. Тогаш го прашав зошто не Ви персира или не Ве нарекува госпоѓа Мишел, а тој само праша зошто би го правел тоа и дека секогаш ќе Ве нарекува Мишел”, започна Џена.


Додаде дека ѝ драго што фотографијата од Мишел Обама и нејзиниот татко постои и дека ја чува во нивната куќа.
“Би сакала луѓето во државата да знаат дека е можно да не се мразите со оној кој не се согласува со Вашето размислување. Тоа е она што е потребно помеѓу републиканците и демократите. Сите ние сме Американци, сите се обидуваме да живееме, да ги пораснеме децата и да продолжиме понатаму”, рекла Мишел.
“Тоа мене не ме прави лоша, ниту него глупав. Тоа е само несогласување и кога ќе помислам на него не помислувам на тоа, туку на фактот дека е прекрасен, забавен и добар човек. Но, не се согласуваме во сè и тоа е во ред”, заклучи Мишел.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.