Џорџ Клуни поради Амал се откажал од нешто што го обожува

За да го сочува мирот во домот актерот Џорџ Клуни одлучил да ѝ удоволи на својата сопруга Амал, па направил нешто што никој од неговите блиски не го очекувал.
Познато е дека Клуни е голем љубител на мотори. Иако ова лето доживеал сообраќајна несреќа на мотор, актерот не се откажува од брзо возење.


Сепак, Амал после долго време успеала да го убеди Џорџ да се ослободи од своето „милениче“, за кого го врзуваат незаборавни спомени. Блиски извори на семејството тврдат дека Амал е загрижена секој пат кога Клуни ќе седне на мотор, особено откако ги добиле близнаците Ела и Александар.
За да ѝ удоволи на сопругата, поради мир во домот, славниот актер одлучил да го продаде моторот. Го ставил на аукција, со почетна цена од 25.000 долари. Новиот сопственик, со моторот ќе добие и автограм, а Клуни парите ќе ги даде во добротворни цели.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.