Џорџ Клуни се разведува?

Американските медиуми повторно пишуваат за развод меѓу холивудскиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал.
Според најновите информации, разводот кој многупати досега беше тема во американските таблоиди, овој пат е неизбежен. Наводно, дополнително на ваквата одлука влијаело и времето минато во самоизолација поради коронавирусот.
-Џорџ не е навикнат да му се наредува и не го поднесува тоа, а Амал целиот однос почна да го гуши, вели неименуван извор близок до партнерот на Глоуб додавајќи дека најголем проблем е поделбата на имотот кој е проценет за половина милијарди долари.
Парот, кој е шест години во брак, не се огласува по повод ваквите натписи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.