Филмови за Роберт Плант- Лед Цепелин и трибјут за Леонард Коен на Скопје Синема Сити- Загревање

На 3 и 4 февруари 2017 година, во Кинотека на Македонија ќе се одржи Скопје Синема Сити – Загревање. На дводневниот настан ќе биде прикажан избор на музички документарни филмови од второто издание на фестивалот Скопје Синема Сити, што се одржа во октомври 2016 година.На 3 февруари, со почеток во 20 часот во Кинотека на Македонија, ќе бидат прикажани филмовите „Роберт Плант: Јас самиот“ и „Леонард Коен: Јас сум тој“.Додека на 4 февруари, повторно со почеток од 20 часот, посетителите ќе имаат можност да ги проследат филмовите „ПинкФлојд: А кој од вас е Пинк?“ и „Фактори Рекордс: Од Џој Дивижн до Хепи Мандејс“. На втората вечер ќе има и премиерно прикажување на краткиот филм за Љубојна, „Радио Љубојна“.
Скопје Синема Сити е фестивал за музички документарни филмови на којшто се прикажуваат бројни филмови од различни продукции, вклучувајќи ја и домашната, а Загревање како дел од Фестивалот, веќе традиционално во февруари ги репризира филмовите од претходното издание. Првиот Скопје Синема Сити се одржа во 2015 година со трибјут за Дејвид Боуви, а во рамките на второто издание во 2016 година се направи трибјут за Леонард Коен. Фестивалот е организиран во Кинотека на Македонија и во фокусот беше кантавторот Леонард Коен, со чијшто филм „Јас сум тој“ и беше отворена манифестацијата. Исто така, Фестивалот оствари соработка со британската телевизиска продукција Би-би-си, па беа прикажани повеќе нивни филмови.На 3 февруари, со почеток во 20 часот во Кинотека на Македонија, ќе бидат прикажани филмовите „Роберт Плант: Јас самиот“ и &b

Пронајдете не на следниве мрежи: