Висар Вишка: Македонците се г***а кои не можат да излезат од кал

Актерот Висар Вишка, кој беше дел од „Шарената револуција“, денес на својот ФБ профил објави видео во кое ги повикува на изборни нерегуларности, притоа навредувајќи ги сите оние кои гласале за актуелната власт дека се „гниди, гомна, фашисти, криминалци, дебили и имбецили“Видеото го почнува со навреди за Македонците кои како што вели во иронија дека тие биле замислени „антички Македонци, од Исус, од свемир донесени кои не можат да излезат од кал и гомна“.

Во вистинскиот соросоиден манир, Вишка го продолжува своето обраќање велејќи дека него поблизок му бил некој „фашист или националист“ кој верувал во неговата погрешна идеологија, бидејќи сите други според Вишка се „гниди кои си го продале гласот или гзот“ на некоја од партиите. Според него, сите оние кои избрале некоја опција се недостојни луѓе кои си го продале газот.

 
Тој дури продолжува и понатаму, и своите навреди не ги насочува само кон оние кои се определени за некоја од партиите, туку продолжува со наваредите и кон оние кои се неопределени. Вишка тврди дека неопределените биле „социопати“ кој си гледале само „за нивниот газ“. Тој оди дотаму, што во еден момент им се заканува на неопределените дека не сакал да ги чуе да побараат некоја помош за болест, или за поплава или доколку изгореле.
Овие тврдења само ја докажуваат фашизоидната припадност на Вишка, но и на неговата групација соросоиди кои сметаат дека секој кој гласа определена опција е недостоен човек, гнида, сељак, немиен, гомно и уште какви ли не придавки и додавки, и дека на овие луѓе не им следува помош. Само на оние, како него „одбраните“.

За трагедијата да биде поголема, тој дури повикува и на изборни нерегуларности. Во своето обраќање тој издава упатства за тоа како треба да се гласа. Предлага секој да го слика гласот, а потоа да ги заокружи сите други, само за да се прогласи изборното ливче за неважечко. Согласно Законот за избори, повикувањето на изборни нерегуларности е кривичен прекршок.

Повикот за изборни нерегуларности Вишка го упатува со цел предизвикување што повеќе неважечки ливчиња, факт кој подоцна треба да послужи како алиби за т.н. „граѓанска криза“ која секако ќе биде спонзорирана од Сорос и УСАИД.
Ова само покажува во колкава паника е СДСМ и соросоидите, а ова им се последните, но можеби и најкритични изливи на предизвикување на криза и нестабилност.

На крајот, актерот продолжува со навредите, барајќи од гласачите да ги уништат гласачките ливчиња со цел да не биле водени од „сељаци, имбецили и криминалци“.

Паниката кај соросоидите контролирани од СДСМ е очигледна и се поголема. Последните анкети на најрелевантната светска агенција за истражување на јавното мислење „Брима Галуп“ но и очигледната разлика во поддршката која ја добива ВМРО-ДПМНЕ наспроти катастрофалната на СДСМ, предизвикуваат опозиција полека да почне да се соочува со реалноста дека следните избори ќе ги загуби катастрофално.
Единствено што им преостанува е предизвикување на нова криза, или пак предизвикување на инциденти на денот на избори со што истите би се прогласиле за неважечки. Само на овој начин тие би останале дел од политичкиот живот во Македонија, во спротивно ќе бидат фрлени и заборавени во историјата на дилетанската политика.
 
Извор: Infomax.mk
 Видеото го почнува со навреди за Македонците кои како што вели во иронија дека тие биле замислени „антички Македонци, од Исус, од свемир доне

Пронајдете не на следниве мрежи: