Подгответе се за невреме!

Од утре нашево подрачје ќе биде под влијание на циклонска активност и серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот.Ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.
 Наместа ќе има услови за на нестабилна облачност проследена со појава на  грмежи и засилен ветер, особено во југоисточните делови. На планините особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка.
 Пообилни  врнежи се очекуваат в среда во западните и јужните делови каде вкупната количина на наврнат воден талог ќе надминува 30 л/м2, а локално и над 40 л/м2. В среда ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер и ќе предизвика опаѓање на дневната температура.
 Од  сабота се очекува стабилизирање и повторно затоплување на времето.Ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Пронајдете не на следниве мрежи: