1.000 нови вработувања во Прилеп: Групацијата „ВИК“ влегува во Македонија

Групацијата „ВИК“ инвестира во Македонија. Конечната одлука е донесена. Вложувањето од 12 милиони евра во првата фаза треба да отвори илјада работни места во Прилеп. Компанија во земјава ќе произведува електрични апарати, а целото производство е наменето за извоз во Европа.„Донесена е одлуката за инвестирање во Македонија. Имаме поддршка од Владата. Знаеме дека е тешко кога се прават нови инвестиции, но Владата ни излезе во пресрет. Ние сме германска компанија за производство на електрични апарати, имаме големо производство во Кина, а во Македонија ќе правиме апарати за кафе. Ќе започнеме до крајот на идната година. Производствениот процес ќе се одвива во зоната во Прилеп. Нашето производство ќе го пласираме на европските пазари. Во Македонија има извонредни млади луѓе кои имаат ентузијазам“ – вели инвеститорот Кристоф Дерм.
„Имаме вкупно 6 илјади вработени, фабрики за производство имаме во Азија, а во Прилеп ќе произведуваме за европскиот пазар. Подготвени сме за инвестицијата. Со проектот почнуваме во февруари. Капацитетот ќе го изградиме на површина од 10 илјади квадратни метри. Инвестицијата во првата фаза изнесува 12 милиони евра“ –  објасни Хелмут Румчер, кој е член на бордот на директори на компанијата.
Првиот контакт со „ВИК“ бил воспоставен во јуни годинава. Преговарачкиот процес не бил лесен, инвеститорите разгледувале и други локации, меѓу кои Романија, Унгарија и Украина. Сепак, конечната одкука паднала на Македонија, како резултат на добрата локација, конкурентските предности, квалификуваната работна сила и можностите за соработка со локалните компании.
„Компанијата „ВИК“ одлучи да инвестира во Македонија. Беше потребно време во овој преговарачки процес, преговаравме подолго време, тие разгледуваа и други локации во ЈИЕ, но ние успеавме да ги донесеме во Македонија, да ја видат бизнис – климата и тие одлучија да инвестираат кај нас. Оваа компанија ќе донесе нова диверзификација на производството во земјава. Ќе произведуваат електрични уреди, односно апарати за кафе. Целиот продукт комплетно ќе биде произведен во Македонија, што значи дека синџирот на добавувачи ќе биде од локалниот пазар, што значи дека ќе бидат ангажирани голем број домашни компании, ќе се отворат работни места и ќе има бизнис за повеќе домашни компании“ – изјави министерот за привлекување странски инвестиции, Бил Павлески.
Во план се и втора и трета фаза. Властите се оптимисти дека планот ќе се реализира во целост, велат дека се охрабрени од претходните искуства.
„Над 86 проценти од инвеститорите кои вложиле во Македонија потоа се одлучиле да реинвестираат, да отворат втора или трета фабрика. Се надеваме дека и оваа компанија ќе ги реализира своите инвестициски проекти со коишто ќе се надмине бројката од 1.000 вработувања“ – вели Павлески.
Каков е профилот на групацијата „ВИК“?
„ВИК“ е семејна германска компанија за производство на електрични апарати со седиште во Есен и во Хонг Конг, каде се стационирани центрите за иновации, дизајн и развој. Основана е во педесеттите години, а веќе има производствени капацитети во Кина и во Индонезија. Компанијата сега има 6 илјади вработени со 350 инженери.
Инвестицискиот проект во Македонија ќе се реализира во ТИРЗ Прилеп, односно во слободната економска зона. Во првата фаза ќе бидат вложени 12 милиони евра во изградба на објектот, за опремата и машините.
Во првата година ќе се отворат 400 работни места, за во период од две години оваа бројка да достигне илјада.
Германците планираат да изградбат „зелена“ фабрика, прва од ваков тип во регионот, по примерот на капацитетот во Индонезија.
Груевски прв ја најави инвестицијата!
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, оваа инвестиција ја најави од големиот народен собир на 16 октомври во СЦ „Борис Трајковски“. Тој го почитуваше бизнис – правилото и не откри повеќе детали, остави тоа да го направи самиот инвеститор.
„Продолжуваме да се бориме за секоја нова инвестиција, за секое новоотворено работно место. Можам да ви соопштам дека една западноевропска компанија ги извести економскиот тим и Бил Павлески дека има донесено интерна одлука да инвестира во Македонија. Станува збор за компанија за производство на електрични уреди, кои се употребуваат во секојдневнието во домаќинството и претставува познат бренд. Се очекува да отворат нови илјада директни вработувања во пелагонискиот регион. Се уште не можам да ви ги соопштам деталите, сè додека самиот инвеститор не го направи тоа“ – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Инвестициите клучни во програмата на ВМРО-ДПМНЕ
Привлекувањето странски директни инвестиции е еден од клучните елементи во новата програма „Реално“ на ВМРО-ДПМНЕ.
„ Во изминатите десет години успеавме да привлечеме странски директни инвестиции во вкупен износ од 2,6 милјарди евра. Извозот, споредено со 2006 година е двојно зголемен, од 1,9 на 4 милијарди евра. Истовремено се зголемија и производството и извозот на домашните компании, како резултат на пристапот до евтините кредити, ослободувањето од плаќање данок на реинвестирана и задржана добивка, како и значително подобрената бизнис-клима. Во слободните економски зони почнаа да вложуваат и македонски компании. Со реализација на нови странски инвестиции и модернизација на домашното производство и во иднина ќе продолжи да се подобрува структурата на извозот кон технолошки понапредни производи. ВМРО-ДПМНЕ и во следниот период ќе продолжи да реализира нови мерки за вклучување на поголем број домашни македонски компании во синџирот на доставувачи на мултинационалните компании“ – стои во програмата на владејачката партија.„Донесена е одлуката за инвестирање во Македонија. Имаме поддршка од Владата. Знаеме дека е тешко кога се прават нови инвестиции, но Владата

Пронајдете не на следниве мрежи: