1.8 милиони вредниот “Фиат”

Fiat беше и остана препознатлив по производството на мали и евтини автомобили. Сепак, во историјата на оваа компанија имало и неколку “излети” во повеќе автомобилски сегменти, како што е на пример овој – моделот Fiat 8V Supersonic.Во 50-те години на 20-от век, дизајнот на автомобилите бил под влијание на современата авио-индустрија и наглата експанзија на авиони на млазен погон. Тогашниот актуелен тренд го следеле и во компанијата Ghia, при обликувањето на каросеријата за овој атипичен модел под логото на Fiat.

За погон е употребен 2.0 V8 агрегат со релативно скромни 105 КС, но поради заштитената ознака V8, на чија употреба права имал Ford, моделот добил ознака 8V.

Fiat најпрво планирал да произведе луксузен модел со 4 врати, меѓутоа, тој проект е стопиран и компанијата се преориентирала на производството на спортско купе.И иако моделот имал успех и во спортските натпреварувања во својата класа, италијанскиот производител го испратил во пензија после само две години и само 114 изработени примероци, поради што 8V прераснал во исклучително баран и атрактивен олдтајмер, особено во верзијата Supersonic – Ghia изработила само осум такви автомобили.
А еден од ретките преостанати примероци во месец март ќе биде понуден на продажба на аукција во организација на куќата RM Sotheby’s.Засега не е објавена официјалната проценка на вредноста на автомобилот, но познато е дека во 2011-та година друг примерок од овој модел достигнал импресивна цена од околу 1.8 милиони долари.Во 50-те години на 20-от век, дизајнот на автомобилите бил под влијание на современата авио-индустрија и наглата експанзија на авиони на млазен пог

Пронајдете не на следниве мрежи: