10 заблуди за сексот

Познатиот магазин за мажи “AskMen” состави листа на најбесмислени теории за сексот. Еве ги 10-те заблуди врзани за сексот. На листата има многу бесмислени теории – од оние дека оралниот секс е најсигурен, до тоа дека големината на пенисот зависи од големината на рацете и стапалата

Жената не може да остане бремена ако мажот го “извади на време”
Оваа теорија е прогласена за најглупавата женска заблуда за сексот, но и најлошиот метод на контрацепција, бидејќи мажите не можат да знаат во кој момент ќе ејакулираат, а за да забремени жената доволно е минимално количество на семена течност. Статистиките докажуваат дека една од пет двојки, кои ја користат оваа метода, за девет месеци завршува опкружена со пелени и останатата опрема за бебе.

Фантазирањето за некоја друга
Научниците докажале дека сексуалните доживувања во повеќето случаи зависат од мозокот, а не од телото. За да не ви здосади партнерката, стручњаците советуваат, дека не е лошо понекогаш да помислите на Анџелина Џоли или Меган Фокс.

Прераната ејакулација се јавува само кај момчињата
Повторно грешка. Иако многумина сметаат дека прераната ејакулација се јавува само за време на сексуалното созревање, факт е дека кај 30 проценти од мажите се јавува во текот на целиот живот. Кај постарите мажи се јавува поради ерективна дисфункција или слаба кардиоваскуларна состојба или како еден од невролошките симптоми, на пример, анксиозност или депресија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.