10 начини како да мирисате свежо, дури и ако не сте се капеле неколку дена

Тушот ни помога да останеме чисти и заштитени. Сепак, има моменти кога немаме време да се истушираме, на пример, додека патуваме. Дури и кога тоа ќе се случи, сè уште е добро да се применат некои навики за да се спречи лошиот мирис.
1. Користете масло за тело


Подобро е да користите парфимирано масло за тело отколку парфем, во овој случај, затоа што мирисот на маслото за тело трае подолго. Исто така, секогаш можете да изберете посуптилна арома, со поприроден мирис и да го нанесувате на вашата кожа во текот на целиот ден.
2. Користете влажни марамчиња


Влажните марамчиња се добра опција која ќе придонесе да се чувствувате чисто до одреден степен, бидејќи тие може да ги елиминираат бактериите одговорни за лоши мириси.
3. Користете повеќе дезодоранс


Користењето дезодоранс ви помага да го „убиете“ мирисот на пот. Користењето во поголема количина може да го зголеми неговиот ефект, како и да ги убие бактериите.
4. Променете ја долна облека


Многу се потите околу вашите интимни делови и тие честопати се топли. Промената на долната облека може да го минимизира лошиот мирис што произлегува од потење.
5. Променете ги чорапите


Стапалата се дел од телото што најмногу се поти, предизвикувајќи многу непријатен мирис. Редовната промена на чорапите ќе го минимизира лошиот мирис. Исто така, добра идеја е да додадете талк во прав во чевлите.
6. Избегнувајте храна со кромид, лук и зачини


Ние сме тоа што јадеме и овие продукти може да го засилат лошиот мирис. Во овој случај, во вакви моменти, подобро е да јадете зеленчук и овошје наместо нив.
7. Избегнувајте тесна облека


Тесната облека може да загрее некои делови од вашето тело, предизвикувајќи потење што ќе резултира во лош мирис. Пошироката облека ќе ви помогне да останете посвежи.
8. Користете сув шампон


9. Носете ленти за коса и стегачи


Во случај да немате сув шампон, секогаш може да користите ленти за на глава и стегачи за коса за да ја заржите косата на место. Изборот на соодветна фризура ќе ја затскрие нечистотијата и лошиот мирис на вашата коса.
10. Хидрирајте ја кожата


Хидратацијата може да ви помогне да мирисате посвежо. Треба да пиете многу вода, а и да користите добри кремови за телото со цел да ја навлажнете кожата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.