10 нешта кои ги научив откако станав татко

Стануваш посвесен за значењето на родителите во твојот живот, како и тоа дека можеби тие не се совршени, но го прават најдоброто за тебе.
Го чувствуваш срамот на другите родители кога нивните деца врескаат во трговскиот центар или на улица.
Ако децата ти ја подадат својата играчка очекувајќи дека ќе се јавиш на телефонот кој ѕвони, подобро да го направиш тоа и да одглумиш добро.
Најдоброто нешто што можеш да го направиш за нив е да им покажеш како да бидат добри луѓе.
Со својата сопруга ќе зборувате на детски јазик и тогаш кога тие се заспани. Подгответе се за тоа.
Секогаш со себе имај дополнителни алишта или влажни марамици кога излегуваш со децата.

Секогаш!
Ако мислиш дека жените се тие што плачат без причина, добредојде во светот на децата.
Децата нè учат како повторно да ја употребиме својата имагинација.
Не се доближувајте премногу блиску до нив кога ждригаат или се обидуваат да кивнат.
Можеби често ќе бидеш валкан, ненаспан и ќе изгледаш како зомби, но ќе уживаш во секоја секунда од тоа да бидеш родител.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.