10 дена биле заклучени дома за да не им се смеат соседите!

Необична вест се појави во Босна и Херцеговина поточно во Бања Лука. Семејството на Неделко Ачимовиќ се заклучило во станот за соседите да мислат дека се на одмор, но набрзо нивната тајна била откриена. 
Семејството Ачимовиќ од Бања Лука, секоја година оделе на одмор, но поради финансиската криза годинава не можеле да си го дозволат и решиле десет дена да поминат заклучени во нивниот стан, за нивните соседи да мислат дека заминале на одмор кој долго го планирале.
Набрзо еден сосед ја открил нивната тајна откако го забележал синот на Неделко, доцна во ноќта како фрла ѓубре. 
Соседот Д.Г. раскажува дека го видел Милош како доцна во ноќта се искрадува со голема црвена кеса за ѓубре.
„Се зачудив затоа што рекоа дека одат во Грција на море, а мене ме задолжија да им го чувам станот, затоа што нема да бидат тука 15 дена. Почекав да се врати Милош за да го прашам зошто се вратиле порано. Тогаш открив дека блефираат, туку дека купиле се што им треба, ги затемниле прозорите и се заклучиле во станот“, вели Д.Г.
По упорните обиди  на новинарите да го добијат семејството Ачимовиќ, успеале во својата намера. Семејството ја признало својата лага.
„Ни беше срам, затоа што секоја година одевме на одмор, барем во Хрватска или Црна Гора, а понекогаш и во Грција. Меѓутоа, оваа година поради лошата финансиска состојба не можевме да си дозволиме одмор, а соседството е такво што веднаш ќе ни се смеат. Гледате како не издаде соседот во јавноста. Е дај Боже тој да летува на клиничкиот центар Папирковац“,  луто раскажува Неделко.
И покрај шегите кои сега ги добива на своја сметка, Неделко вели дека убаво се одморил во својот стан и дека одмор не му е ни потребен.Необична вест се појави во Босна и Херцеговина поточно во Бања Лука. Семејството на Неделко Ачимовиќ се заклучило во с

Пронајдете не на следниве мрежи: