10 нешта кои девојките очекуваат дека секој маж мора да ги знае

Сите посакуваме стабилна врска, но понекогаш постојат и очекувања кои ако се разочараат предизвикуваат тешки последици. Еве што жените мислат дека на нас, мажите треба да ни е запишано во ипсилон хромозомот.1.Скара – Огнот и ќумурот се нешта со кои секој маж мора да се снаоѓа, бидејќи нели, не би било џентлменски да ја оставиш таа да се валка и да мириса на чад.
2.Менувач на брзини во автомобилот – Загатката за секоја девојка, па затоа често сакаат ти да им ја завршиш оваа работа.
3.Менување гума – Може таа некогаш ќе научи, ама ти мора да знаеш во секое време и на секое место.
4.Работа со бор-машина – „Срце, ај направи една дупка горе, да ја закачиме огромнана слика мама што ни ја подари за свадба. И да ја закачиш право, оти тешко тебе!“
5.Поправање апарати од домаќинството – Нормално, секој апарат си бара стручна помош, ама сепак мора прво ти да провериш што му е, за таа да се увери дека мора да се носи на мајстор.

 
6.Местење на мебелот – Има да туркаш и влечеш, братко! И ако не и се бендиса, биди силен и голтај си ја нервозата. Сите сме поминале, поминуваме и ќе поминеме низ тоа.
7.Косење трева – Не очекувај таа да те изненади со косилката за трева. Намести го каучот како што сака и веднаш фаќај се за косилката.

8.Снаодливост во просторот – „Глупаку еден, пак се изгубивме! Толку ли ти е срам да прашаш некој кај сме и кај треба да одиме!“ Братко, прашај си, помирна ќе ти е главата.
9.Вадење автомобил од снег и мраз – Исто како со мебелот. Ти ќе туркаш и ќе копаш, а таа ќе седи и ќе ти вика.
10.Брани ја – Од што? Било да е мува, или слон, мораш да ја одбраниш од опасност и „сигурна смрт“, инаку на глава ќе ти се качи за тоа како не ја сакаш.1.Скара – Огнот и ќумурот се нешта со кои секој маж мора да се снаоѓа, бидејќи нели, не би било џентлменски да ја оставиш та

Пронајдете не на следниве мрежи: