10 сигурни знаци дека сте го воодушевиле

Ако не знаете дали го привлекувате или не, обрнете внимание на знаците кои мажот ви ги праќа директно или индиректно.
1.Ви поставува лични прашања во првиот разговор. Можеби од пристојност нема да ве праша дали сте во врска, но од далеку ќе се обидува да дознае дали сте слободна.
2.Веднаш ви дава до знаење дека не е во врска. Со тоа на еден начин ви покажува дека го привлекувате и можеби вие сте таа што ќе го пополни тоа место.
3.Се обидува да ве импресионира, зборувајќи детално за себе и своите постигнувања.
4.Доколку му се допаѓате во текот на разговорот „хипнотизирано“ ќе ве гледа  и насмевката нема да се тргне од неговото лице. Ќе пронаоѓа изговори да ве допре.
5.Ако на прв поглед го освоивте неговото срце тој брзо ќе ги елиминира сите работи кои вам ви пречат при раговорот.
6.Ако не сте сами, односно со вас во друштво се други мажи, тој ќе се обиде да доминира и ќе стане вистински „дрдорко“.
7. Ако му се допаѓате ќе пронајде начин повторно да ве види.
8.Постојано ќе ви дели комплименти… прекрасна си, имаш совршена насмевка, тој фустан совршено ти стои…
9.Кон вас ќе се однесува зашитнички. Ќе се обидува да ги тргне сите потенцијални опасности од тебе.
10.Дали ти е ладно? Дали ти е удобно? Да ти донесам нешто за пиење? Овие прашања се уште еден доказ дека сте го воодушевиле.Ако не знаете дали го привлекувате или не, обрнете внимание на знаците кои мажот ви ги праќа директно или индиректно.

Пронајдете не на следниве мрежи: