10 типови на партнери кои „не ги бива“

Можеби веќе сте биле во врска со партнер од ваков тип. Ако не сте биле, сметајте се за благословени. А можеби и ќе сретнете личносто во која повеќе од долунаведените типови се комбинирани. Како и да е, постојат луѓе кои навистина знаат да не извадат од кожа. 
1.Оние кои инсистираат да се расправате во јавност
Ужасен е моментот кога сте во некој ресторан и тој/таа се погласно ви вика, како да сака да се нахрани од вашиот срам и понижување. Овие ситуации се секако поудобни кога само посматрате и не учествувате во нив.
2.Оние кои постојано се жалат
„Ладно ми е. Топло ми е. Скапо е. Ефтино е. Кога ќе си одиме!“ Во ред е тоа што сакаат да се дружат, па сакаат да си одат дома, но со своето постојано жалење навистина ја убиваат позитивната атмосфера во друштвото.
3.Оние помладите
Љубовта не знае за години, но понекогаш оној помладиот партнер знае да биде малку проблематичен. Најчесто мисли дека не може да се вклучи во дискусиите на зрелото друштво, не можат заедно да влезат во клубови кои не дозволуваат влез на малолетници, а пак кога помалиот партнер ќе стане полнолетен, има пристап до се, па може да стане досаден со постојаната желба за излегување.

 
4.Оние налик на строги родители
Сите знаеме дека ворската со партнерот пред се треба да е забавна, но има и такви кои прекорно ве погледнуваат кога малку погласно ќе се насмеете или ќе „тресете зелени“. Подалеку од ваквите, вие во партнерот треба да гледате другар, а не родител.
5.Оние реалистите
Овие партнери на мошне студен начин ви ги убиваат вашите соништа и желби. Кога разговарате за тоа што посакувате, тие постојано се обидуваат да ве убедат дека работите не се такви како што ги гледате и дека е невозможно да реализирате некои работи.
6.Оние посесивните
Во почетокот е слатко и интересно, но бргу прераснува во чувство како да сте играчка која му припаѓа на некое ептен себично дете. Сите сакаме врска, но си ја сакаме и слободата да се гледаме со роднините и пријателите без „партнерски надзор“.

 
7.Оние со двојни стандарди
Не се изненадувајте ако тој/таа се уште се гледа со поранешни пријатели/ки и партнери/ки. Дури и не се обидувајте да разговарате за тоа, бидејќи разговорот ќе се претвори во караница од која само вие ќе излезете како виновник.
8.Оние што ве споредуваат со други
„Поранешната не правеше вака. Бившиот секогаш ме носеше таму.“ Ова ги иритира речиси сите нови партнери. Особено ако ви рече дека поранешниот/поранешната ја/го изневерил/а па затоа раскинале, сметајте дека кога сте сами и вашите дела и зборови ќе се доведуваат во прашање.
9.Оние манипулаторите
Зборови ќе се извртуваат, лаги ќе се кажуваат, и ќе се претерува со се за во секоја расправија тие да испаднат жртвата. Таман сте им простиле, а тие веќе прават нови глупости. Ако не сакате врска како од некое глупаво реално шоу, пазете се од вакви луѓе.
10.Оние кои ве лажат цело време, а вие сте знаеле за тоа, но сте го игнорирале
Многу често лажговците се доведуваат во ситуација кога лесно ги откривате, но доаѓа до еден момент кога самите вие си ја барате бељата. Го игнорирате тоа што ве лажел и се надевате дека ќе се промени. Епа погодете што! Пак ќе ве излаже, и пак, и пак.

  
1.Оние кои инсистираат да се расправате во јавност
Ужасен е моментот кога с

Пронајдете не на следниве мрежи: