10 визии за индината: Компјутерите ќе исчезнат, а нашиот мозок ќе биде дел од интернетот

Американскиот научник Мичио Каку предвидува како ќе изгледа идинината. Во своите прогнози се раководел од следните критериуми: мора да бидат во склад на законите на физиката и мораа да постојат прототипи како „доказ принципот“.-Разговарав со повеќе од 300 најголеми светски научници, а многу од нив му овозможија и пристап до нивните лаборатории во кои се обидуваат да погодат како ќе изгледа иднината. На основа на разговорите со нив дојдов до следните заклучоци:
 
1.Компјутерите ќе исчезнат
Компјутерите како во сегашниот облик нема да постојат, но сепак ќе ги има секаде и на секое место, но скриени. Ќе не следат но тивко и незабележително.
2. „Зголемената реалност“ ќе стане секојдневие
Интернетот ќе стане достапен преку контактни леќи. Па покрај ликот на личноста со која разговараме ќе може да ја видиме и неговата биографија, а доколку е на друг јазик ќе имаме можност и на превод. Контактните леќи кои ќе ни овозможат пристап до интернет ќе внесат револуција во животот на актерите, политичарите и хирурзите, затоа што со само едно трепкање на окото на располагање ќе им бидат сценаријата, мапите, говорите…
3. „Мозок-нет“ наместо интернет
Во иднина ќе управуваме со компјутерите со мислите а не со маусот. Овој проект веќе е започнат. Ова многу ќе им помогне на парализираните или пак на ментално заболени лица, затоа што ќе можат без проблем да управуваат со многу уреди.
Но истото така на овој начин лесно ќе може да ги бележиме нашите мисли па дури и соништа и да ги ставаме на интернет. Па, невработените ќе може да научат нови вештини, а студентите ќе ги учат предавањата дури и кога ќе спијат.
4.Капитализмот ќе биде усовршен
Сите ќе знаеме каде точно има понуда а каде побарувачка па пазарот ќе биде поефикасен. Во моментов се врши дигитализација на медиумите, а во наредната деценија ќе се врши дигитализација на образованието, медицината и сообраќајот.
5.Роботите ќе станат составен дел од нашиот живот
Вештачката интелигенција полека го освојува секојдневието. Роботите ќе бидат насекаде околу нас.
Автомобили без возачи, па на тој начин сообраќајките нема веќе да постојат.

 
6.Истрошените делови од телото ќе може да се заменат
Старите делови од телото ќе може да се заменат, баш како и деловите на автомобилите денес. Исказот „откажување на орган“ ќе биде исфрлен од употреба.
7.Родителите ќе ги дизајнираат своите потомци
За неколку децении родителите ќе ги  бираат генетските карактеристики на децата.  Нефункционалните гени ќе може да бидат отстранети со генетска терапија.
8.Сајбермедицината ќе го продолжи животот
Процесот на стареење ќе може да се забави. Денес знаеме дека стареењето настанува како последица на сплет на грешки на ниво на гени и ќелии. Ако се отстранат тие погрешни споеви, нашиот живот ќе се продолжи.
9.Диктаторите ќе станат големи губитници
Дигиталната револуција ќе даде моќ на обесхрабрување, особено на луѓето кои живеат под власт на диктаторите. Па, интернетот ќе им овозможи на луѓето да сфатат дека тие не мораат да живеат како робови.
10.Интелектуален капитализам наместо производен капитализам
Се наоѓаме во историска фаза на премин од производен капитализам, односно заснован на производи во интелектуален капитализам заснован на знаење.
Оние што инвестираат во земјоделство ќе се соочат со слабеење на економијата. -Разговарав со повеќе од 300 најголеми светски научници, а многу од нив му овозможија и пристап до нивните лаборатории во кои се обидуваат да погод

Пронајдете не на следниве мрежи: