Двојничка на Бритни Спирс годишно заработува пола милион долари – фото

 

Една 24 годишна келнерка од Америка најде интересен начин како да заработи на својот изглед. Имено, сите пријатели на Михаела Викс честопати и нагласувале дека личи на поп иконата Бритни Спирс па така таа се одлучи да настапува како двојничка на познатиот оригинал.

 

 

Таа работи како копија на Бритни веќе седум години и може да се пофали за две луксузни кужи, импресивен возен парк, и добро салдо на банкарската сметка. Таа настапува во клубови низ целиот свет, облечена во индентични костими како Бритни, пеејќи ги нејзините најпознати песни. Самата вели дека е голем фан на пејачката и смета дека би било и неблагодарно ако заработува од нејзе а не ја сака или почитува.

 

 

Единстевн тежок период во нејзината кариера биле месеците кога Бритни јавно ја избричи својата глава, но како што се врати потоа на топ листите, така и Михаела продолжи со своите настапи. Настапува на родендени, веначвки, прослави, клубови и заработува пола милион долари годишно.

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: