недела, 29 ноември 2026
Најново

Рафа си ги спрема куферите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Неуспехот на Светското клубско првенство во Јапонија дефинитивно беше доказ дека Рафа Бенитез не може да ги оствари очекувањата на Роман Абрамович  и дека уште од сега му се бројат деновите во Челзи на шпанскиот стратег, пренесуваат англиските медиуми.

Рафа Бенитез не успеа да му ја донесе титулата Светски Првак на Челзи. Новиот неуспех на Рафа би можел целосно да го предомисли Роман Абрамович околу ситуацијата со шпанецот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Како што пренесуваат англиските медиуми, Абрамович веќе почнал со анализи околу потенцијалните кандидати меѓу кои се најде и ново име.

Имено, освен Гвардиола и Јирген Клоп, во конкуренција за да го преземат тренерското место на клупата на Челзи влезе и тренерот на екипата на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Поврзани вести