Попов „МАЕСТРАЛНО“ против Вест Хем!

Македонскиот интернационалец во редовите на англискиот премиерлигаш ВБА, Горан Попов, одигра одличен натпревар на дуелот со Вест Хем во рамките од 17-тото коло од Премиер Лигата.

Горан Попов беше прогласен за играч на натпреварот.

„Горан беше еден од неколкумината наши играчи што имаа добар настап. Убаво е што се навикнува на премиерлигашкиот фудбал“ изјави тренерот Стив Кларк.

Дуелот меѓу екипите на ВБА и Вест Хем заврши со реми без голови, а токму нашиот интернационалец беше главен играч во одбраната на домаќинот.

Тимот на Попов по 17 одиграни кола во Англиската Премиер Лига со освоени 27 бодови се наоѓа на 6-тото место на табелата.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: