Коринтианс нуди 15 милиони евра за Пато

Бразилскиот клуб понуди 15 милиони евра за напаѓачот на Милан, Алесандре Пато, како што пренесуваат медиумите во Италија.

Според известувањата на медиумите, актуелниот освојувач на светското клубско првенство, екипата на Коринтианс испратиле понуда за ангажман на напаѓачот на Милан, Алесандре Пато.

23-годишниот Бразилец поради повреда не настапува за Милан, а неговото враќање на терените се пролонгира од недела во недела.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: