Казорла го ’реши’ Рединг

Фудбалерите на Арсенал, забележаа победа на ’Мадејски’ стадионот во Рединг и со освоените бодови стигнаа до петтото место на табелата.

Јунак на победата на Арсенал од 5:2, беше Санти Казорла кој постигна ’хет-трик’.
Шпанскиот репрезентативец беше прецизен во 32-та, 34-та и 60-та минута од натпреварот. Останатите два гола за Арсенал го постигнаа Подолски во 14-та и Волкот, кој на оваа средба ја носеше капитенската лента, во 80-та минута.
Головите за Рединг ги постигнаа Ле Фондре и Кебе. Рединг со овој пораз остана при самото дно со само девет бодови по 17 одиграни натпревари.
Табела: Манчестер Ј. 42, Манчестер С. 36, Челзи 29, Тотенхем 29, Арсенал 27, Евертон 27, Вест Хем 27, Норич 25…

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: