Нашиот Лестер победи на Big Brother во Бугарија

Loading...

Победник на реалното шоу Big Brother во Бугарија е нашиот Никола Настески, познат како Лестер.. Тој стана најомилената шоу ѕвезда во Бугарија. Додека Цеце, исто така Македонка, беше исфрлена од куќата еден ден пред самото финале. Како и да е, Никола успеа да ја освои Бугарија во конкуренција со уште тројца финалисти.

Никола е познат исто така и по учеството во Big Brother Србија, минатата година. Тој е манекен и забавно момче со што успеа да ги придобие симпатиите на бугарската публика. Изјави дека не очекувал да стигне до финалето, а камо ли да победи. „Никогаш не сум се чувствувал вака во животот, и благодарам на Бугарија“ изјави Никола низ солзи. Исто така дополни и дека луѓето не треба да се делат по националност и јазик.

loading...