Бјанки се врати во Бока Јуниорс

Loading...

Раководството на Бока Јуниорс, реши на тренерската функција да го врати легендарниот Карлос Бјанки.

„Тој ја прифати понудата и повторно ќе биде тренер на Бока. Тоа е голема радост, најтрофејниот тренер во нашата историја се враќа и ние му посакуваме нови успеси“, објави славниот аргентински клуб на својот Твитер профил.
Бјанки по трет пат во кариерата ќе ја предводи Бока, со која во периодот од 1998 до 2004 година освои четири титули шампион на Аргентина, три трофеи во Копа Либертадорес и две титули во Интерконтинеталниот куп.
Поранешниот репрезентативец на Аргентина, како играч има настапувано за Велес Сарсфилд, Ремс, ПСЖ и Старзбур, а покрај Бока бил тренер и на Ремс, Ница, Велес Сарсфилд, Рома и Атлетико Мадрид.

Макфакс

loading...