Наполи остана без капитен и бодови

Loading...

Дисциплинската комисија на фудбалскиот сојуз на Италија, го казни Наполи, со одземање на два бода, поради местење на натпреварот со Сампдорија одигран во сезоната 2009/2010.Тогашниот голман на Наполи, Матео Џаинело, на истражителите им признал дека учествувал во местењето на натпреварот, кој заврши со победа на Сампдорија со 1:0. Џаинело доби забрана за сите фудбалски активности во времетраење од три години и три месеца.
Во вторникот, Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Италија им изрече шест месечни суспензии на уште двајца играчи на Наполи – капитенот Паоло Канаваро и дефанзивецот Џанлука Грава.
Со одземените два бода, Наполи назадуваше на табелата во Серија А, екипата за која игра Горан Пандев сега се наоѓа на петтото место со 10 бодови помалку од лидерот Јувентус.

Макфакс

loading...