Најлудите теории за крајот на светот

На неколку години (ако не и на секоја година) имаме некој крај на светот на распоред. Во 2012 во прашање беше апокалипсата предвидена за 21 декември, но не е единствен суден ден кој човечкиот род го смислил за себе – тука се уште и трета светска војна, смрт на Сонцето, а за зомби и да не зборуваме…

Најлудите теории за крајот на светот

Маите и нивниот календар

Нема смисла да се шегуваме за моментално најпопуларниот крај на светот. Во прашање е мајанската апокалипса која требаше да се случи на 21 декември 2012 година. Тешко е да се верува дека цивилизацијата на Маите знаела што ќе му се случи на светот во далечна иднина кога не знаеле ни што на нив самите им се подготвува, период на суша и доаѓање на Шпанците, но малку е веројатно дека на тие кои веруваат во крајот на светот, таквите детали ќе им го променат мислењето.

Трета светска војна

Нуклеарна апокалипса на сите ни виси над глава уште од почетокот на студената војна. Многумина веќе навикнаа да живеат на планетава на која секој диктатор кој држи до себе прво купува барем неколку килограми плутониум, но постојат и такви кои едноставно знаат дека сето тоа нуклеарно оружје не може вечно да остане неактивирано. Во случај некој од лудите сопственици на атомска бомба да одлучи да го притисне црвеното копче, заговорниците на теории за трета светска војна веруваат дека и сите други ќе го притиснат своето и Земјата ќе заврши во долготрајна нуклеарна зима, а човечкиот род ќе изумре од последици од радијација и останати несреќи кои би следеле.

Голем стисок

Вселената е бесконечен извор на начини на кои може да се уништи планетата. Во големата темна бескрајност навистина има многу феномени кои на Земјата можат да го уништат животот или дури целосно да ја уништат. Но, можеби целосно уништување би дошло ако вселената повторно се стисне. Хипотезата за големата експлозија заговара идеја дека целата вселена на почетокот била мала па потоа нагло се проширила, па не е логично да постојат луѓе кои сметаат дека поради гравитацијата повторно ќе се стисне. При разни истражувања кои потврдиле дека благодарение на темната енергија вселената се побрзо се шири, големиот стисок е се помалку веројатен, но ако луѓето можат да веруваат дека ќе дојде до крај на светот бидејќи некој во Гватемала ископал камен со хиероглифи, тогаш може во се да се верува.

Рагнарок

Ниту еден суден ден не е доволно важен за нас, па така ни самракот на боговите, како што во митологијата северните Германи го нарекуваат својот крај на светот. Љубителите на стрипот Тор, скандинавскиот бог на громот и молњите, несомнено ќе знае како рагнарок се низа битки меѓу боговите и силите на злото, а завршува така што сонцето ќе поцрне, ѕвездите ќе исчезнат, а секое копно ќе потоне. Не знаеме дали северните Германи знаеле за што зборуваат, но едно мора да признаеме, крајот на светот им е многу филмски.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПОДОЛУ НА СТРАНАТА 2 КАДЕ ШТО ЌЕ НАЈДЕТЕ МНОГУ КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ НА ОВАА ТЕМА 👇👇👇

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.