Пато и Робињо дефинитивно си заминуваат, Милан го купува Балотели!

Според неофицијалните информации кои ги пренесуваат италијанските медиуми се вели дека бразилскиот тандем во нападот Пато-Робињо дефинитивно си заминуваат од клубот, а се наведува дека Милан замена за нив гледа во Балотели, а како втора опција се наведува Дидиер Дрогба.

Пато би можел да се пресели во Коринтианс, откако овој клуб понуди 15 милиони евра за ангажман на фудбалерот на Милан.

Од друга страна, се вели дека Робињо би можел да се пресели во екипата на Сантош.

Проценката на клубот е дека од трансферот на овие двајца фудбалери Милан би заработил 25 милиони евра, плус пари кој ќе сочува од договорот на овие напаѓачи, околу 11 милиони евра.

Италијанските медиуми пренесуваат дека со тие 25 милиони евра Милан ќе тргне по ангажман на Марио Балотели, под услов овој фудбалер да има помала плата која оваа сезона му изнесува 6 милиони евра.

Сепак, како втора и резервна опција, се споменува Дидиер Дрогба, за кого се вели дека Милан ќе го ангажира на позајмица до јуни, а потоа би го откупил целосно неговиот договор.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: