Милан заинтересиран за Де Роси

Даниеле Де Роси би можел да се најде на излезни врати од Рома во јануари, а екипата на Милан веќе спрема понуда за ангажман на Де Роси.

Иако Силвио Берлускони изјави дека новата политика на Милан ќе се базира на младите сили, прва отстапка од ова правило може да се случи уште оваа зима.

Де Роси не е стандарден во Рома, а селекторот на Италија Чезаре Прандели неодамна изјави дека повикот во репрезентацијата ќе мора да го заслужи со добри игри во клубот.

Во случај Рома да прифати трансфер, проблем би претставувало високата плата која Де Роси ја добива во тимот на Рома, а која со сигурност би ја барал и во екипата на Милан.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: