Со помош на полицијата Есма стигна на концертот во Загреб

Loading...

Кралицата на ромската музика, Есма Реџепова, во понеделникот одржа одличен концерт во Загреб, во салата Ватрослав Лисински. Гостите беа повеќе од задоволни, а атмосферата весела како и секогаш.

 

Дел од публиката на концертот беа и некои хрватски музичари, како Марио Ручнер и Маја Посавец.

 

Оваа година Есма обележува 55 години на музичката сцена, и со тоа ја почна својата јубилејна регионална турнеја токму пред два дена во Загреб.

 

Но Есма имаше мали проблеми при пристигнувањето во Хрватска. Имено, летот во понеделникот, од нашиот аеродорм до Загреб беше откажан поради маглата, па Есма немаше друг начин да стигне во Хрватска на време, освен да се јави на полицијата и да ги замоли да и излезат во пресрет.

 

“Ме фати паника, па ја замолив полицијата да го застане автобусот што одеше од Скопје за Загреб на македонско-српската граница. Ме чекаа половина час додека со автомобил да стигнам од аердромот.” – изјави легендарната пејачка.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани.  Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

loading...