Преживејте го крајот на светот во бункерот на Сталин за 16,000 долари

Гостите ќе имаат можност да јадат 5 пати на ден во текот на 24 часа, а ако сепак дојде до крајот на светот, организаторите уверуваат дека постои се што е неопходно за апокалипсата да се преживее во текот на половина година.

 

Паранојата и влијае на контролата. Целиот свет е во опсесија поради крајот на светот, кој треба да се случи според календарот на Маите, односно петок, а за оние со подлабок џеб, постои идеален начин за да и се погледне на апокалипсата во очи.

 

Посебно ако живеете во Москва и можете да издвоите 16,000 долари за специјален пристан на реновираниот бункер на Сталин од каде што тој управуваше со Советскиот сојуз во текот на ледените зими на Втората светска војна, кога тој војуваше против фирерот Адолф Хитлер.

Бункерот се наоѓа на 65 длабочина под површината на земјата, ѕидовите се дебели метар и половина, а целосниот бункер има 26 спратови. Во моментов се работи на пополнување на резервите со храна, а салите се опремуваат за на гостите да им биде покомотно.

 

Ако сакате ВИП места, тогаш морате да платите три пати повеќе, а имате бесплатен влез за деца под 7 години. Во случај да дојде до крајот на светот, компанијата која го изнајмува овој бункер, ветува 50% попуст од цените на влезниците.

Пронајдете не на следниве мрежи: