Тарот карти-вистина или лага?

Гледањето на тарот карти сеуште не може да одговори на најважното прашање, дали сето тоа е вистина или една обична лага, која има одредени “скриени“ цели?

Голем број луѓе во светот, веруваат дека тарот картите ќе им ја предвидат иднината за следните неколку години, па дури и за целиот живот. Но, оние кои се занимаваат со оваа област говорат дека гледањето на тарот карти сепак не може да ви ја предвиде иднината. Тие само можат да ви ги покажат можните исходи од ситуацијата во која се наоѓате периодот, но не може да ви ги покаже крајните резултати.

Тарот во источните култури е наменет и претставуван како форма на медитација. Таа медитација ќе ви помогне да ја согледате ситуацијата од повеќе агли, пред да донесете заклучок како би реагирале и какво решение ќе донесете. Тарот картите се само помагала кои може индиректно да ви одговорат на некои ваши прашања, но во никој случај не треба целосно да се потпрете на нив и да ги сфакате сериозно.

Постојат луѓе во светот кои веруваат дека едно гледање на тарот карти ќе им ја реши судбината. Тие слепо веруваат во нив и поради тоа знаат да донесат грешни одлуки во одредени ситуации кои може да имаат негативни последици на долг рок.

Дури и да не се 100 отсто сигурни, сепак тие не треба да се сметаат за бескорисни или без заслуга. Оние кои го искусиле ова искуство-гледање на тарот карти, почувствувале дека постои некоја сила и енергија која може да ти помогне во иднина, она што го посакуваш да ти се исполни, а оние слики кои се претставени на картите можете сами да им дадете значење кое ќе ви помогне во донесување на некоја одлука или решавање на одредена ситуација во која се наоѓате.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24

 

Пронајдете не на следниве мрежи: