Слаткаристика од сега и на iTunes!

Можеби за Слаткаристика сеуште нема чуено цел свет, но од сега ќе може да го чуе целиот свет!

Нашиот највлијателен македонски хип-хоп артист Слаткаристика од неодамна официјално е застапен и во најголемата музичка продавница во светот „iTunes“.

На барање на истомислениците и љубителите на музичката култура што ја интерпретира Слаткаристика, песните од неговите два соло албуми сега можат да ги имаат сите, каде и да се!

Оваа Интернет продавница дава можност On-line да си ја купите било која песна од 35те на располагање, како и целите два соло албуми на Слаткаристика – “Слаткаристика будало” издаден во 2009 година и “Новиот албум” издаден во 2012 година.

  iTunes продавницата е отворена 24/7, а песните на Слаткаристика може да ги најдете на следниот линк

Пронајдете не на следниве мрежи: