Фото: Милан го „ЗБРИША“ Пато

Доколку се говори околу знаците по кои може да се види дека Пато и дефинитивно ќе биде продаден во јануари, тогаш бришењето од сајтот дефинитивно е добар доказ за овие настани кои што се случуваат во екипата на Милан.

Судбината на Алесандре Пато во дресот на Милан е повеќе од неизвесна.

Иако од таборот на Милан во изминатите неколку денови стигнуваа информации по кои не можеше да се заклучи дали Пато ќе остане или не, на основа на деталите од официјалниот сајт на клубот може да се заклучи дефинитивниот одговор на тоа прашање.

Имено, Пато е избришан од банерот кој ја рекламира онлајн-продавницата на Милан, на која сега се наоѓа Амброзини, Ел Шарави и Боатенг.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: