Извештајот од аутопсијата на Ноториус Б.И.Г е објавен, но зошто сега?

Со објавувањето на извештајот од аутопсијата, петнаесет години откако Б.И.Г. беше убиен, не подзамислува малку. Зошто прикажување на вести стари 15 години без какви било нови информации надвор од фактот дека само еден од четирите куршуми бил фатален?
Ти-Ем-Зи (TMZ) дојде до документ кој што никогаш не е виден претходно и кој содржи детали за тоа каде точно завршиле куршумите во телото на познатиот рапер од Бруклин. Според аутопсијата, три од четирите куршуми не биле воопшто фатални. Првиот куршум  го  погодил во неговата лева подлактица и патувал до неговиот зглоб, вториот го погодил во неговиот грб, промашувајќи ги неговите витални органи, по што куршумот излегол низ неговото лево рамо, третиот го погодил во неговото надворешно лево бедро и излегол низ неговото внатрешно бедро. И на крај фаталниот куршум кој влегол во неговиот десен колк, погодувајќи неколку витални органи, пред да запре во неговото лево рамо. Овој куршум го погодил дебелото црево, црниот дроб, срцето и горниот дел од левиот дроб. Тој имаше само 24 години.
Ако ова не е од никаква корист за разрешување на убиството на Б.И.Г (познат и како Биги Смолс), навистина изгледа по малку чудно да се објавува сега. Неговите фанови, а пред се неговата фамилија и пријатели најмногу би сакале да прочитаат: ,,Осомничениот  во 1997 година за убиството на Биги именуван”. Но, до тогаш ќе се сеќаваме на него како експлозивниот ,,Juicy” и секако ,,Big Poppa”.

Пронајдете не на следниве мрежи: