Бензема: Не одам никаде, ја чекам десеттата титула

Карим Бензема не сака да го напушти Реал Мадрид, вели дека е спремен да биде дел од историјата на клубот.

Карим Бензема е на мета на Париз Сент Жермен, меѓутоа тој вели дека не сака да го напушти тимот на Реал Мадрид.

„Читав околу наводната понуда, но доколку јас се прашувам, не сакам да си одам од Мадрид. Мојата цел е да стигнам до десеттата титула во Европа со Реал Мадрид. Тоа е прашање на историја, сакам да учествувам во тоа“ изјави Бензема.

Во однос на борбата за титулата французинот вели…

„Ние не се предаваме иако реално шансите за освојување на титулата ни се навистина мали“ додаде Бензема.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: