Стерлинг верен на Ливерпул

Иако имаше најави дека талентираниот Стерлинг би можел да си оди од тимот на Ливерпул, сепак 18-годишниот фудбалер остана верен на Ливерпул, договорен е петгодишен договор.

Иако меѓу англиските медиуми се пласираа разни информации околу тоа каде ќе продолжи талентираниот 18-годишен фудбалер на Ливерпул, Стерлинг, сепак, овој фудбалер потпиша петгодишен договор со Ливерпул.

Имаше разни шпекулации, а се пренесуваше и дека Манчестер Јунајтед е сериозно заинтересиран за ангажман на овој млад фудбалер, но веста за потписот на Стерлинг на продолжување на договорот сигурно ќе ги израдува големиот број фанови на Ливерпул.

Стерлинг продолжувањето на договорот го потпиша на 18 месеци пред истекот на договорот.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: