Геце го растури Хановер

Марио Геце со три погодоци ја однесе Борусија Дортмунд во четвртфиналето на германскиот Куп, каде уште пласман изборија Волфзбург, Штутгарт и Бохум.

Борусија, против Хановер, сите дилеми околу патникот меѓу најдобрите осум во купот ги реши по 40 минути игра, кога стигна до предност од 3:0, во тој период Геце постигна два, а Блашчиковски еден гол. До крајот Геце го комплетира хет трикот, а уште еден гол за Борусија постигна Левандовски, честа на Хановер ја спаси Диуф.
Волфсбург успеа да го елиминира Баер Леверкузен, кој имаше предност со авто голот на Фенгер, во последните 13 минути победата на ’волците’ има ја донесоа Треш и Дост.
Бохум во дуелот на второлигашите забележа лесна победа од 3:0 над Минхен 1860, додека Штутгарт немаше проблеми против Келн победувајќи со 2:1.
Претходно пласман во четвртфиналето изборија Баерн Минхен, Мајнц, Фрајбург и третолигашот Офенбах.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: