Кина уапси илјадници припадници на секта што ширеле гласини за крајот на светот

Loading...

Кинеските власти уапсиле илјада припадници на христијанската секта „Семожниот Господ“ заради ширење на вознемирувачки вести за доаѓањето на „судниот ден“ и повиците да се „убие црвениот змеј на комунизмот“, пренесува кинеската државна телевизија.

Членовите на сектата основана во тајност на почетокот на деведесеттите години, која кинеските медиуми ја опишуваат како „култ на злото“, уапсени се изминатите денови во полициски акции ширум земјата.
Кинеските власти немаат толеранција за неслужбените религиски групи, па членовите на сектата, бидејќи делувале во илегала, се служеле со псевдоними како што се „кученце“ и „мал бел зајко“ за распознавање.

Макфакс

loading...