Вчерашната пробна ждрепка во ЛШ идентична со денешната

Во седиштето на УЕФА, во четвртокот, беа извлечени двојките за нокаут фазата во Лигата на шампиони.

Ждрепката беше немилосрдна кон некои тимови, така за пласман во четвртфиналето меѓусебно ќе се борат Реал и Манчестер Јунајтед, Арсенал и Баерн Минхен, односно Милан и Барселона.
Веднаш по извлекувањето, англискиот ’Daily Mail’ објави дека истите двојки биле извлечени во средата, за време на генералната проба на извлекувањето. Веројатноста истите двојки да бидат извлечени два пати по ред изнесува 1/2.000.000.

Сето ова отвора простор за шпекулации, дали УЕФА диригира со извлекувањето на двојките, без оглед на тоа како топчињата ќе одлучат кои тимови ќе играат во меѓусебните дуели.

Пронајдете не на следниве мрежи: