Мурињо на маки, Јунајтед незадоволни

Почетокот на март ќе биде најтешкиот период за актуелниот шампион на Шпанија. 

Во рок од три дена, „кралевите“ треба да ги одмерат силите со Барселона во шпанската лига и со Манчестер Јунајтед во осмина-финалето од лигата на шампионите. Имено, „Ел Класико“ е закажано на втори март, додека три дена подоцна е средбата со „црвените ѓаволи“. Ова ќе биде вистински тест за португалскиот стратег во редовите на Реал Мадрид.

На „Олд Трафорд“ пак се незадоволни. Очекувале да го избегнат кралскиот клуб од Шпанија. Според нив ова било немилосрдна ждрепка, но сепак тврдат дека се спремни да се соочат со мадриѓаните.

Пронајдете не на следниве мрежи: