100 милиони фунти на располагање за трансфери во Челзи

Роман Абрамович не отстапува, по испаѓањето од Лигата на Шампионите како и неуспехот против Коринтианс, Русинот спреми нови 100 милиони фунти за преодниот трансфер период.

Познати се и метите кон кои тимот на Челзи цели, во прашање е Радамел Фалкао, за кого медиумите шпекулираат дека Роман Абрамович лично го повикал со телефонски повик и го убедил да премине во Челзи, иако разговарал со Реал.

Доколку Фалкао се согласи на трансфер, Челзи ќе исплати клаузула од околу 60 милиони евра, а во однос на тоа Атлетико Мадрид нема што да се прашува.

Преостанатите 60 милиони евра ќе бидат потрошени на уште двајца играчи, Маруан Фелаини кој би бил природна замена за Френк Лампард, а другиот е Жоао Мутињо кој веќе подолг период е на мета на Челзи.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: